Новиот провлигаш Беса продолжува со градење на тимот, најнови имиња се Бесмир Даци и Нахуел Франко.
19-годишниот Даци настапуваше во косовската суперлига и доаѓа со искуство како офанзивен играч за врска, беше дел од екипата на ФК Дукаѓини и ФК Шкупи.
Нахуел Франко е по потекло од Аргентина. 22-годишниот фудбалер доаѓа од екипата на АП Брера и ќе има важна улога како дефанзивец и лево во тимот.
„Да им посакаме добредојде на Бесмир Даци и Нахуел Франко во нашето клупско семејство и да им посакаме успех во нивните идни предизвици!“, напишаа од клубот.
Беса денес одигра пријателски натпревар со екипата на Сува Река од Косово, а мечот заврши со резултат 1:1.