ЕУРО 2024 – финале: Јамал или Белингем, Шпанија или Англија…кој ќе биде шампион?

147

 

Вечерва од 21 часот во Берлин се игра големото финале на ЕУРО 2024. Се среќаваат Шпанија и Англија, репрезентации кои во изминатиот месец, прво преку групната фаза а потоа и преку нокаут фазата, успеаја да се пробијат до финалето.

Меч за паметење, меч кој може да ја промени историјата. Се разбира дека сите очи ќе бидат вперени кон младите ѕвезди на Барса и Реал, кон Јамал и Белингем. Можеби тие со својот екстра потенцијал ќе одлучат кој ќе биде шампион, Шпанија или Англија.

Во случај тоа да биде „армадата“ тогаш тоа ќе биде нивна четврта титула европски шампион. Во случај тоа да биде Англија тогаш конечно фановите на Островот може да се пофалат дека фудбалот навистина се врати дома, и ќе можат да кажат дека по ова СП 1966 имаат уште еден блескав трофеј.

Шпанија блескаше на ова ЕП, играше како што секој фудбалски фан сака да гледа од една репрезентација. Ги има Јамал, Олмо, Родри, Мората и другите ѕвезди предводени од фантастичниот Луис де ла Фуенте.Image

Англија дојде до финалето онака “италијански“, на “мускули“, но од меч во меч ја подигаше формата. Герет Саутгејт ги има Белингем, Кејн, Сака, Фоден, Рајс…има и тоа како “сув квалитет“. Англија и кога не блеска знае да победува.

Сепак против себе ќе ја има разиграна Шпанија која за да дојде до финалето мораше да ги мине Германија и Франција. Реално Англија имаше полесен пат, но реално е дека Англија според имиња е фаворит.

Време е за финале, време е за фудбалско уживање.

Дали е време фудбалот да се врати дома?

За тоа се прашуваат Јамал и другарите.

ПретходноВардар се засили со Кореецот Сеук Ким и Марио Костов од Брера!
СледноШтета: Лина не успеа да го освои Рим!