Милан е на чекор до потпис со капитенот на шпанската фудбалска репрезентација, Алваро Мората. Наводно двата клуба се договориле за обештетување од 13 милиони евра. Мората заминува во Милано, откако има искуство од настапите во Италија во дресот на Јувентус.
Милан ќе му понуди четиригодишен договор со годишна плата од пет и пол милиони евра.
Росонерите веќе ги договорија личните услови и со Јусуф Фофана, а договорени се и личните услови со Мората. „Росонерите“ чекаат расплет и околу трансферот на Гираси од Штутгарт во Борусија (Д). Доколку истиот се реализира, Милан тргнува по германскиот репрезентативец Никлас Филкруг, кого Милан би сакал да го види во своите редови.
Исто така, Милан сериозно преговара со Салцбург за Страхиња Павловиќ.