Навас завршува со Шпанија, на крајот на годината оди во пензија

92

Она што беше извесно, сега и официјално е потврдено. Хесус Навас ќе се повлече од шпанската репрезентација по Европското првенство.

Покрај тоа, на крајот на годината, Навас кој настапува за Севиља ќе стави крај на клупската кариера.

„Воодушевен сум од се што направив во фудбалот и во репрезентацијата. Да се ​​биде овде на 38 години е уникатно и неверојатно“, рече Навас.

Навас првпат беше повикан во репрезентацијата во 2008 година. Со Шпанија стана светски и европски шампион и ја освои Лигата на нации.

ПретходноГвардиола ќе понуди 60 милиони евра за Олмо
СледноАлкараз го одбрани Вимблдон, втор најтежок пораз за Ѓоковиќ