Неверојатната Фемке Бол го собори европскиот рекорд на 400 метри со пречки

75

На митингот во Ла Шо-де-Фонд, Швајцарија, холандската атлетичарка Фемке Бол го урна европскиот рекорд на 400 метри со пречки. Бол стана втората жена во историјата која трчала на 400 метри со пречки под 51 секунда и го подобри сопствениот европски рекорд за точно половина секунда – 50,95.

На вечната ранг листа таа се зацврсти на второто место зад Американката Сиднеј Меклафлин-Леврон, која е светска рекордерка со време од 50,65, поставен оваа година на домашните олимписки квалификации во јуни.

24-годишната актуелна светска шампионка Бол ја остави зад себе најблиската ривалка за речиси три и пол секунди. Нејзиниот настап го означува и третото најбрзо време во историјата.

ПретходноМората на „Сан Сиро“: Милан и Атлетико (М) се договориле за трансферот
СледноБарди уште еднаш потврди дека е „доктор“ за слободни удари (ВИДЕО)