Новак Ѓоковиќ не успеа да запише уште еден голем резултат во својата кариера, во финалето на Вимблдон беше совладан од Карло Алкараз со 3-0.
„Денес беше многу топло, да. Се разбира, тоа не беше резултатот што го посакував, особено во првите два сета. Моето ниво на тенис не беше доволно. Му оддавам признание на Карлос Алкараз, тој денеска имаше се. Апсолутно ја заслужи победата, честитики до него и до неговиот тим. На теренот шоуто го има само еден човек, но зад сето тоа стои цел тим“, рече Новак.
Во вториот дел од интервјуто, Новак Ѓоковиќ зборуваше повеќе за себе, своето семејство и кариерата.
Српскиот тенисер се обрати на своето семејство, јавно им се заблагодари за поддршката.
„Горд сум што шест години по ред играм финале, морам. Сега сум малку разочаран… Ако погледнам наназад на последните неколку недели, низ што поминав со тимот и моето семејство, задоволен сум од Вимблдон, за кој секогаш сонував. Понекогаш ми е важно само да бидам тука, благословен сум што десет пати се борев за трофејот. До мојата сопруга: Ти благодарам што ме поддржуваш. До моите деца: Ви благодарам што секој ден ми носите насмевка на лицето. Горд сум што сум татко на овие два ангели кои го сакаат тенисот се повеќе. Не знам дали ќе имам нерви да продолжам со тенисот и да бидам тренер на мојот син. Ако навистина сакаш да градиш кариера ќе бидат покрај тебе. Ви благодарам на сите што бевте покрај мене. Ве сакам. Одиме понатаму“.
“Thank you for bringing the smile to my face every single day”
Touching words from Novak, recognising the people who matter most 🫶#Wimbledon pic.twitter.com/V6btZMtL8r
— Wimbledon (@Wimbledon) July 14, 2024