Првиот фудбалер јавно му кажа „НЕ“ на Перез ова лето

3157

Ретки се фудбалерите кои го одбиваат повикот на Флорентино Перез, а тие што ќе го сторат тоа подоцна или порано ќе се ќаат. Ова во следните сезони може да му се случи на Марио Гила. 23 годишниот фудбалер на Лацио во интервју за шпански АС одлучи да му се заблагодари на Реал за понудата и покажаниот интерес.

„Сакам да стана икона на Лацио. Не одам никаде иако Реал ме сака. Имав и други понуди. Клубот верува во мене и јас верува во Лацио“, изјави младиот Шпанец.

Она што е доста интересно е што Гила беше дел од младинската селекција на Реал до 2022 година по што Перез одлучи да го пушти во Лацио за 6 милиони евра.

Две години подоцна се одлучи да го врати, но сега младиот фудбалер му се заблагодари за понудата.

ПретходноАлкараз од трема заборави на протоколот, но не заборави да испрати порака до шпанските фудбалери
СледноСе загрева атмосферата во Берлин, познати се составите за финалето (ВИДЕО)