Македонската кошаркарска репрезентација до 20 години зад себеш има уште еден меч за заборав на Европското првенство А „Дивизија“ во Полска. Нов удар на „црвено-жолтите“ им нанесе Турција која славеше со 55-90.
Тома Стојановски имаше 12 поени, Никола Бојчев 10, додека Андреј Шошкиќ девет.
Добро прво полувреме и катастрофална трета четвртина на кратко е приказната за оваа втора средба. Нашите кошаркари добро се држеа во првото полувреме, на одморот резултатот беше 38-42. Но, по овој момент потонаа.
Колапс во третата четвртина, Македонија првите поени ги постигна после 8:30 минути игра. Тони Симиќ реализираше од линијата за слободни фрлања. Турција овој период го отвори со 18-0 за водство од 38-60. Македонија во овој период остана на двата поени на Симиќ, додека противникот даде 22.
Во последната четвртина Турција рутински ја заврши својата задача за прва радост на шампионатот.
Следен противник е селекцијата на Белгија која денеска беше поразена од Шпанија, но претходно славеше пеорив Турција. Мечот се игра утре со почеток во 18 часот.