Саудијците понудиле 25 милиони фунти за голманот на Манчестер Сити

105

Манчестер Сити добил понуда за голманот на тимот, Едерсон, во висина од 25 милиони фунти од неименуван тим од Саудиската Пролига. И покрај неговиот статус на неприкосновен број еден во составот на Пеп Гвардиола, се верува дека Едерсон бара нов предизвик по седум успешни години на „Етихад“.

Саудијците имаат желба да го ангажираат 30-годишниот фудбалер, иако тој има уште две години до крајот на договорот со Сити, кој шампионот на Премиер лигата наводно сака и да го продолжи.

Разговорите меѓу Едерсон и „граѓаните“ за нов договор се заглавени, а Манчестер Сити сега добил официјална понуда од 25 милиони фунти за бразилскиот репрезентативец од Саудиска Арабија, која може и да ја разгледа.

ПретходноДвојаковски е нов кошаркар на Работнички
СледноАбердин го тргна Миовски од тимот додека трае трансфер сагата со Болоња