Не само што е фантастичен селектор, иако е платен помалку од некој си селектори кои немаат поим од својата работа, Луис де ла Фуенте покажа дека е и голем човек.
Имено Гави, играчот од средниот ред на Барса и стандарден репрезентативец, ќе се приклучи во експедицијата на селекцијата на Шпанија на вечерашното финале и тоа симболично како 27-тиот играч.
Познато е дека Гави не е во составот на Шпанија за ова ЕП поради тешката повреда која ја заработи во ноември минатата година.
„Гави ќе биде со нас во текот на целиот ден од финалето. Тој ќе биде нашиот 27-ми играч“ потврди Де ла Фуенте.
Ова е потврда дека во таборот на Шпанија атмосферата е фантастична и дека за селектор имаат навистина неверојатен стручњак пред се човек.