Се загрева атмосферата во Берлин, познати се составите за финалето (ВИДЕО)

299

Уште малку останува до стартот на финалето на Европското првенство. На Олимпискиот стадион во Берлин силите ќе ги одмерт Шпанија и Англија (21 часот). И двата тима немаат доживеано пораз на шампионатот.

Берлин е преплавен со фановите на Шпанија и Англија, сите сакаат нивната репрезентација да го подигне победничкиот пехар.

Од таборот на Шпанија порачаа: Одиме да сонуваме, пееме, да се смееме и заедно подобро да се чувствуваме. Ова е наше време, одиме по четвртата титула.

Од Англија пак пораката е кратка: Денеска. Берлин. Шанса за слава.

Состави: 

Шпанија Унаи Симон; Карвахал, Ле Норманд, Лапорте, Кукуреља; Родри, Фабијан Руиз, Дани Олмо; Ламине Јамал, Мората, Нико Вилијамс.

Англија: Пикфорд; Вокер, Стоунс, Геи, Трипие; Мајно, Рајс; Фоден, Сака, Белингем, Кејн.

ПретходноПрвиот фудбалер јавно му кажа „НЕ“ на Перез ова лето
СледноМакедонија на мегдан со Турција по катастрофалниот старт во Полска (ЛИНК)