Утре во Колумбија ќе биде неработен ден, ама треба прво да се победи Аргентина!

225

Голема еуфорија владее во Колумбија, во земјата чија репрезентација ќе го игра големото финале на Копа Америка против Аргентина кое е закажано за утринава во 02 часот во Мајами.

Претседаелот на таа земја Педро Густаво прво им даде поддршка на Хамес и другарите, за да потоа на својот народ му порача дека ако Колубија стане шампион тогаш утрешниот ден ќе биде прогласен за неработен.

Победата над Аргентина во финалето на Копа Америка би била прославена како ден на граѓаните на Колумбија. Тоа ќе биде ден и за единство на народот во нашата земја“ истакна Педро.

Сите служби во државниот сектор нема да работат, а порачано им е и на приватните фирми утрешниот ден да не се работи.

ПретходноПринцот Вилијам: Излезете на терен и покажете му на светот од што сте создадени!
СледноНекогашниот капитен и екс – селектор на Бразил доживеал тешка сообраќајна несреќа! (ВИДЕО)