Шпанија е новиот владател на Европа. „Фуријата“ ја совлада Англија со 2-1 во финалето на Европското првенство и дојде до својот четвртти трофеј, со што запишаа рекорд. Шпанските фудбалери го заслужија пехарот, бидејќи одиграа многу подобро од својот противник. На другата страна за Англија продолжува шестдецениското проклетство.
По здодевното прво полувреме, мечот го отворија Вилијамс, на асистенција на Јамал донесе водство на Шпанија веднаш по одморот. Неколку минути подоцна Олмо се најде во ситуација да го зголеми водството, но Пикфорд беше на вистинското место.
🚨🚨| GOAL: NICO WILLIAMS OPENS THE SCORING!!! YAMAL ASSIST!!!
England 0-1 Spain
— Transfer Sector (@TransferSector) July 14, 2024
Јамал имаше шанса во 65. Минута, но повторно голманот на Англија одговори на вистински начин.
Англија се врати во игра во 72-та минута, Палмер во 72 минута со прекрасен погодок ја затресе мрежата на Шпанија за 1-1 и нови возбудувања. Десет минути подоцна Јамал повторно се најде очи во очи со Пикфорд, но повторно не успеа да го совлада.
🚨🚨| GOAL: COLE PALMER WHAT A GOAL!!!!
England 1-1 Spain
— Transfer Sector (@TransferSector) July 14, 2024
LAMINE YAMAL’S SHOT IS SAVED!!! WHAT A CHANCE TO TAKE THE LEAD!! pic.twitter.com/4qJa53IEmR
— Transfer Sector (@TransferSector) July 14, 2024
Акција како под конец, Англија брзо капитулираше по голот за 1-1. Во 86-та минута Ојерзабал на асистенција на Кукуреља зголеми на 2-1 и ја донесе Шпанија на чекор до четвртата европска круна.
🚨🚨| GOAL: OYARZABAL SCORES FOR SPAIN!!! ENGLAND ARE BEHIND!!
Spain 2-1 England
— Transfer Sector (@TransferSector) July 14, 2024
Во 90-та минута Англија имаше вистинска шанса за да израмни, но не успеа да ја искористи.