Раководството на Вардар не мирува, прави големи напори да го засили тимот и стратегот Горазд Михаилов да има респектабилен тим за претстојната сезона. Па така нови имиња во редовите на Вардар се Кореецот Сеук – гјун Ким (22) Марио Костов (18) од Брера.Костов важи за еден од најталентираните напаѓачи во нашата земја,можеда игра на повеќе позиции во нападот, додека Кореецот е офанзивно лево крило.
И двајцата се веќе во Раденци, каде Вардар е на подготивки, и веќе се приклучија во работата на останатите играчи на нашиот најтрофеен клуб.