Напаѓачот на Баерн Минхен, Серж Гнабри, летово би можел да ја напушти „Алијанц Арената“, а на маса има понуда од Њукасл. Според информациите кои се појавија денеска, Њукасл подготвува понуда вредна 50 милиони евра, а се очекува Баерн да се согласи да го продаде Гнабри за таа цена.
Гнабри речиси сигурно ја губи минутажата со доаѓањето на Микел Олисе, кој беше голема желба на Винсент Компани. Покрај тоа, тука се и Лерој Сане, Кингсли Коман и Мусијала, па конкуренцијата за Гнабри ќе биде навистина преголема.
Во Њукасл Гнабри би ја имал улогата на стартер, но проблем е што нема да игра во Европа, бидејќи Њукасл не избори место во европските купови.