Горан Закариќ е нов играч на ФК Вардар. По завршувањето на процедурата за регистрација, Закариќ веднаш ќе се приклучи на екипата со Словенија.
Тој има 31 година, игра на позицијата крилен напаѓач, а во својата богата кариера има настапувано за екипите на Динамо Загреб, Партизан, Железничар, Широки Бријег, Зрински, Локомотива Загреб, Универзитатеа Крајова, Борац Бања Лука, Задар, Славен Белупо и Аиоликос.
Има освено две шампионски титули со екипите на Борац БЛ и Зрински, како и 2 куп трофеи со екипите на Железничар и Партизан.
За националниот тим на БиХ има вкупно 11 настапи.