Кејн не беше корисен за тимот, во првото полувреме заработи жолт картон, не беше ни блиску до гол, па Саутгејт го замени во 61. минута. На крајот од клупата беше сведок на уште еден тежок момент за Англичаните – нов пораз во финалето на ЕУРО.
По натпреварот тој се тешеше со соиграчите.
„Тешко е да се каже со зборови како се чувствуваме во моментов. Тежок натпревар. Направивме се за да се вратиме во натпреварот и се боревме да го направиме тоа. Тешко е кога ќе примите гол во последните минути. Во првото полувреме се мачевме, не можевме да ја земеме топката во наш посед. Второто полувреме беше подобро. Ова е исклучително болно чувство и долго ќе боли. Тренерот ќе размислува дали ќе продолжи да го води тимот, сакавме да победиме за него“, изјави Кејн.