Македонската кошаркарска репрезентација до 20 години зад себе има натпревар за заборав. На првиот меч на Европското првенство А „Дивизија“ кое се одржува во Полска беше убедливо совладана од Шпанија со 93-38, резултат кој покажува колку нашите надежи се назад зад една ваква селекција.
Вечерва, Боро Смилковски и неговите избраници имаат шанса да го поправат впечатокот, играат против Турција. Дуелот стартува во 20:30 часот.