Англичаните планирале најголем дочек во историјата, ама им пропадна!

141

И второ финале без победа. Така блиску, но така далеку. Англија ќе мора да почека барем уште четири години за да дојде до титулата на ЕП. Вчера во Берлин во финалето на ЕУРО беше поразена од Шпанија со 2:1, а со тоа им пропадна најголемиот дочек во историјата, барем така планирале, на кој требало на улиците во Лондон милиони луѓе да ги пречекаат Белингем и компанија.

Планирано било играчите да бидат во огромен отворен автобус, кои ќе вози низ улиците на Лондон, но сега ништо од тоа.

Место во Лондон ќе се слави вечерва во Мадрид.

ПретходноБесарт Кривањева (Струга ТЛ): Слован е силен тим, сепак ние веруваме дека може да го победиме!
СледноЏердан Шаќири нема да патува во Белград, стави крај на репрезентативната кариера!