Аргентина ја одбрани „Копа Америка“ и стана најтрофејна репрезентација во Ј. Америка (ВИДЕО)

251

Светскиот шампион Аргентина ја освои Копа Америка по рекорден 16-ти пат. „Гаучосите“ во финалето по продолженијата ја совладаа Колумбија со 1-0. Стрелец на единствениот гол на стадионот Хард Рок во Мајами беше Лаутаро Мартинез во 112. минута.

Натпреварот започна со задоцнување од час и 22 минути поради проблеми со влегувањето на навивачите на стадионот. Една од вратите била скршена од колумбиски навивачи кои влетале низ неа, а полицијата потоа ја затворила. Колумбиските навивачи предизвикаа нереди прескокнувајќи ги бариерите додека се обидуваа да влезат на стадионот без билети. Агенциите за спроведување на законот реагираа и уапсија меѓу 10 и 15 фанови. Медиумите јавуваат и за 7 повредени.

Лионел Меси се здоби со повреда на скочниот зглоб и беше принуден да го напушти теренот на неговиот последен натпревар на Копа Америка. Анхел Ди Марија се прости од репрезентацијата на Аргентина.

Мечот во регуларниот дел заврши без голови, а одлуката дојде во 112. минута. Леандро Паредес додаде до Џовани Ло Селсо, кој со еден допир го проигра Лаутаро Мартинез. Тој со мајсторски удар и донесе победа на Аргентина. Со овој триумф „гаучосите“ освоија три големи меѓународни турнири по ред. Од нив две титули дојдоа во Копа Америка и една на Светското првество во Катар со што го повтори достигнувањето на шпанската репрезентација, која исто така освои три последователни врвни турнири – Евро 2012, Светско првенство 2010 и Евро 2008 година.

ПретходноДа, вистинско е – златните деца на Шпанија!
СледноСаутгејт притиснат да си замине: Сега не е време за таква одлука