Во среда на „Билјанини Извори“ во Охрид, Струга ТЛ од 17 часот ќе го одигра реваншот од 1.квалификациско коло во Лигата на Шампионите, против Слован Братислава. Познато е дека во Словачка првиот меч заврши со резултат од 4:2.
Нашиот шампион имаше и тоа како добри моменти на таа средба, од 2:0 дојде до 2:2, за да потоа прими два гола во финишот за конечни 4:2, па така сега во реваншот задачата ќе биде потешка.
Во пресрет на дуелот во среда за “СпортСпорт“ свој коментар има Бесарт Кривањева, дефанзивецот и еден од најдобрите играчи на нашиот шампион.
“Мора да се признае дека работите ќе беа поинакви ако тој меч во Братислава завршеше со 2:2. Од друга страна сега не вреди да се тагува, тоа што беше не може да се врати. Треба да извлечеме поука за тоа што следува во среда. Слован е силен тим, тука нема дилеми, сепак ние веруваме дека можеме да го победиме шампионот на Словачка, а ако ни се укаже шанса да го елиминираме тогаш таа шанса ќе треба максимално да се искористи“ заврши Кривањева.