Вардар закажа пет пријателски, денеска прв тест со словенечка Мура

978

ФК Вардар кој моментно во Словенија ги реализира подготовките за новата сезона, веќе го комплетираше списокот на подготвителни контролни средби кои ќе ги одигра во периодот до стартот на новото првенство.

Избраниците на Горазд Михаилов првиот тест ќе го имаат веќе денеска и тоа против словенечка Мура. Мечот е закажан во терминот од 18 часот.

Во среда Вардар ќе одигра и втор контролен меч, овој пат против словенечкиот нисколигаш Словенска Бистрица, а во петок го очекува уште една контрола со словенечки нисколигаш, екипата на Чарда.

Последните две контроли треба да бидат и најсилните за „црвено-црните“. На 23 јули  Вардар оди во Загреб на меч со Динамо Загреб, додека на 27 јули во Австрија ќе одигра и пријателски меч со англискиот второлигаш, некогашен член на Премиерлигата, екипата на Свонси.

ПретходноШпанија ќе остане без селекторот: Де ла Фуенте сам им се понудил на Американците?!
СледноДвете одбојкарски селекции денеска во Маврово почнуваат со подготовки за евро-квалификациите