Закариќ со себе го донесе и Ќосиќ за уште посилен Вардар!

1436

По Горан Закариќ кој вчера беше промовиран како ново име во Вардар, од денеска нов член е и Ѓорѓе Ќосиќ (28). Интересно е тоа што и двајцата досега играа во Тузла Сити во БиХ, па може да се каже дека Закариќ со себе го донесе и Ќосиќ за уште посилен Вардар.

Закариќ е лево крило, а Ќосиќ лев бек, веројатно тоа е левата страна на Вардар за новата сезона. Овие доаѓања во Вардар се доказ дека раководството на клубот работи под полна пареа што се вели, се со цел тимот да добие во квалитет.

ПретходноПехарот веќе е во Мадрид: Вечерва ќе “гори“ во главниот град на Шпанија!
СледноПријателска: Вардар ја победи Мура, капитенот Мицевски со прв настап по повредата!