Младинците против Полска ја почнуваат битката за пласман од 9-16 место (ЛИНК)

137

Македонската младинска репрезентација денеска ја стартува битката за пласман од 9-16 место на Европското првенство во Словенија. Нашите ракометари по ремито со Австрија играат во средната рунда, а прв противник е селекцијата на Полска, мечот е закажан со почеток во 12 часот.

Покрај Полска, во група со Македонија се Франција и Романија. Мечевите ќе се играат на 15,16 и 18 јули.

Првите две пласирани репрезентации ќе вкрстат со двете најдобри од групата Ј во која се Србија, Хрватска, Словенија и Унгарија, исто ќе биде и оние кои ќе бидат трети и четврти во групите.

Натпреварот меѓу Македонија и Полска можете да го гледате на следниот ЛИНК. 

ПретходноКонор Мек Грегор заработи 1 милион евра откако Шпанија стана европски првак (ФОТО)
СледноМеси апсолутен рекордер: 45 трофеи во кариерата, Роналдо дури трет