Неколку часа по успехот на Шпанија на Европското првенство, Жозе Мурињо се врати на своето минато на кормилото на Реал Мадрид (2010 – 2013). Во Берлин со пехарот триумфираа четворица младинци на „белите“ – Хоселу, Алваро Мората, Начо Фернандез и Даниел Карвахал. Двајца од нив – Мората и Начо – дебитираа за Реал во времето на Португалецот, додека другите двајца ја немаа таа шанса. Хоселу се пресели во Хофенхајм во 2012 година, а летото истата година Карвахал замина во Баер Леверкузен на позајмица. Кога десниот бек се врати 12 месеци подоцна, Мурињо го немаше.
„Честитки до европските шампиони Начо Фернандез и Алваро Мората и тренерот кој им даде можност да дебитираат додека се уште беа момци од академијата. Овој ист тренер не сфати дека и Дани Карвахал е таков (шампион). Исто така, му честитаме на г-дин Де ла Фуенте за неверојатната работа. Победи најсилниот тим“, напиша Мурињо на Инстаграм.