ОФИЦИЈАЛНО: Манчестер Ј. го претстави Џошуа Циркзе

244

Она што со денови се најавуваше, доби и официјална потврда. Холандскиот напаѓач Џошуа Циркзе и официјално е потврден како најновото засилување на Манчестер Јунајтед.

Англискиот гигант плати 42,5 милиони евра за 23-годишниот напаѓач на италијанска Болоња. Циркзе минатата сезона одигра брилијантно во Серија А и му помогна на клубот да обезбеди место во Лигата на шампионите.

Тој го потпиша договорот до 2029 година, со опција за продолжување на уште една сезона.

„По разговорот со тренерот и главните луѓе во клубот, знам колку возбудлива ќе биде иднината овде и едвај чекам да ја одиграм мојата улога во постигнувањето успех за Манчестер Јунајтед. Јас сум играч кој секогаш посветувал се на победата. Подготвен сум за овој следен предизвик, да одам на следното ниво во мојата кариера“, изјавил Холанѓанецот.

ПретходноЖестоки пресметки на англиските и шпанските фанови во фан зоната во Берлин (ВИДЕО)
СледноБелингем фрустрациите ги истури на еден преносен ладилник (ВИДЕО)