Како што се чини Скопје “добива“ уште еден прволигаш. Имено откако Македонија ЃП следната сезона ќе игра во ВМФЛ, на нејзино место, покрај Работнички, Вардар и Шкупи, ќе биде тимот на Гостивар.
Раководството на Гостивар одлучило да го пријави за домашен терен стадионот “Борис Трајковски“ во скопско Маџари. Тоа значи дека кога Гостивар ќе биде домаќин во сезоната 2024/25 своите натпревари, по се она што се случуваше во врска со Градскиот стадион во тој град, ќе ги игра на Маџари.
Интересно е тоа што веќе во изминатите неколку дена гостиварци го реконструираат и теренот на Маџари кој беше во лоша состојба.