Шпанија и Аргентина следното лето во меѓусебна битка на „Финалисима 2025“

236

Фудбалските репрезентации на Шпанија и Аргентина ќе го одиграат т.н. меч „Финалисима 2025“.

Натпреварот меѓу победниците на Копа Америка 2024 и Евро 2024 најверојатно ќе се одржи во јуни или јули следната година и тоа во САД. Засега нема официјална потврда за местото на одигрување, но тоа ќе биде еден голем дуел на две големи фудбалски генерации.

Во „Финалисима 2022“, Аргентина ја победи Италија (3:0).

Претходно се играше Купот „Артемио Франки“ меѓу шампионите на Европа и Јужна Америка. Во 1985 година Франција го победи Уругвај (2:0), а во 1993 година Аргентина ја победи Данска (1:1, 5:4 на пенкала).

ПретходноДвете одбојкарски селекции денеска во Маврово почнуваат со подготовки за евро-квалификациите
СледноМладинците ја решија Полска на стартот на средната рунда на ЕП