Шпанија ќе остане без селекторот: Де ла Фуенте сам им се понудил на Американците?!

503

Ни неполн ден откако Шпанија се искачи на фудбалскиот трон на Европа, од САД пристигна прилично чудна вест.

Медиумите таму пишуваат дека селекторот на Шпанија, Луис де ла Фуенте е заинтересиран да ја преземе репрезентацијата на САД. Според тврдењата на медиумите, тој преку неговите агенти се распрашувал за условите под кои би можел да стане селектор на САД, нудејќи ги своите услуги.

Се би звучело како шега доколку информацијата не ја објави угледниот „Вашингтон Тајмс“. Згора на тоа, менаџерите Масуд Рушандел и Висенте Монтес им потврдиле дека испратиле мејл со ваква содржина до директорот на американската репрезентација Мет Крокер.

Селекцијата на САД остана без селектор по неуспехот на Копа Америка, каде беа елиминирани во групната фаза. Американците веќе го поканија Јирген Клоп, кој ја одбил понудата со образложение дека не е заинтересиран за таа работа.

Фудбалскиот сојуз на Шпанија му подготви нов договор со три пати поголема плата од сегашната на Де ла Фуенте, па станува нејасно како тој се најде во оваа приказна.

ПретходноМеси апсолутен рекордер: 45 трофеи во кариерата, Роналдо дури трет
СледноВардар закажа пет пријателски, денеска прв тест со словенечка Мура