Шпанија е во еуфорија.“Фуријата“ по четврти пат стана првак на Европа. Апсолутно заслужено по сите параметри. Играа најдобро, играа како што треба и затоа сега слават.
Инаку со овој успех и тоа како касата на ФС на Шпанија ќе се наполни и тоа со 28,25 милиони евра, сума која секако дека е вистинско богатство. Ова го објави и самата УЕФА.
За пласманот на ЕУРО ФС на Шпанија доби 9,25 милиони евра, потоа трите победи во групата добија 3 милиони евра. За пласманот во 1/8 финалето дополнителни 1,5 милиони а за ¼ финалето 2,5 милиони. Потоа победата во полуфиналето вредеше 4 милиони евра и триумфот во финалето 8 милиони евра или вкупно 28,25 милиони евра.
Половина од оваа сума ќе биде премија за играчите и стручниот штаб.