На 32 години Џердан Шаќири стави крај на својата репрезентативна кариера. Тоа значи дека на есен, кога се играат мечевите од Лигата на Нации, тој нема да патува во Белград кога Швајцарија ќе и гостува на селекцијата на Србија.
Шаќири со 125 настапи за Швајцарија е втор на вечната листа, додека со 130 тоа е Гранит Џака. Со 25 постигнати голови Шаќири во моменов е четврти на оваа листа.
Тој беше дел од Швајцарија и на ова ЕУРО, но сепак кај селекторот Јакин немаше поголема минутажа.
„Седум турнири, 14 години дел од репрезентацијата на Швајцарија, незаборавни моменти“ напиша Шаќири на социјалните мрежи.