Раритет на ЕП 2024: Шест фудбалери ја поделија „Златната копачка“

724

Европското првенство во Германија стана уникатно по уште еден параметар. Имено, на крајот на првенството дури шест играчи имаа по три постигнати гола и ја поделија титулата најдобар стрелец.

Пред финалето двајца играчи, англискиот капитен Хари Кејн и шпанскиот играч за врска Дани Олмо имаа можност да излезат на врвот на листата со евентуален погодок, но тоа не се случи, па останаа во друштво на Грузиецот Микаутадзе, Германецот ​​Мусиала, Холанѓанецот Гакпо и Словакот Шранц со кои ја поделија „златната копачка“ на првенството.

По два гола постигнаа дури десет играчи.

ПретходноСаутгејт притиснат да си замине: Сега не е време за таква одлука
СледноЖестоки пресметки на англиските и шпанските фанови во фан зоната во Берлин (ВИДЕО)