Скопје “добива“ уште еден прволигаш: Гостивар ќе биде домаќин на Маџари!

5336

Како што се чини Скопје “добива“ уште еден прволигаш. Имено откако Македонија ЃП следната сезона ќе игра во ВМФЛ, на нејзино место, покрај Работнички, Вардар и Шкупи, ќе биде тимот на Гостивар.

Раководството на Гостивар одлучило да го пријави за домашен терен стадионот “Борис Трајковски“ во скопско Маџари. Тоа значи дека кога Гостивар ќе биде домаќин во сезоната 2024/25 своите натпревари, по се она што се случуваше во врска со Градскиот стадион во тој град, ќе ги игра на Маџари.

Интересно е тоа што веќе во изминатите неколку дена гостиварци го реконструираат и теренот на Маџари кој беше во лоша состојба.

ПретходноОфицијално: Томас Милер стави крај на својата бајковита серија во Бундес-лигата
СледноПехарот веќе е во Мадрид: Вечерва ќе “гори“ во главниот град на Шпанија!