Очекуван пораз во Словенија: Фудбалерките завршија како трети во квалификациите (ФОТО)

181
фото: Игор Купљеник

Женската фудбалска репрезентација на Македонија загуби со 4:0 на гостувањето во Словенија во последниот меч од квалификациите во Лига Ц сегментот за Европското првенство. По поразот на домашен терен од Летонија во петокот, нашите девојки денеска немаа шанси против силната Словенија, која со новата победа само убедливо го потврди првото место во групата.

Словенките поведоа со 2:0 за неполни 6 минути на стартот со двата гола на Прашникар, а до полувремето веќе имаа и 3:0 благодарение на погодокот на Корошец во 35. минута.

Иако некако успеавме да ја стабилизираме играта во вториот дел, Словенките успеаја да ја потврдат убедливата победа со голот на Кастелец во 71. минута од средбата.

Летонија, пак, на домашен терен ја совлада Молдавија со 2:1 и на крајот заврши како второпласирана и обезбедува место во баражот.

Standings provided by Sofascore

 

фото: Игор Купљеник

ПретходноНадал: Алкараз е фаворит насекаде, вака не беше во мојата генерација
СледноТадиќ се откажа од репрезентацијата на Србија