Галевски по вторпат прогласен за МВП!

94

Македонската ракометна младинска репрезентација продолжи во победнички ритам на ЕП во Словенија. Пред малку ја совлада Романија со 26-31 и се ќе игра против Франција за првото место во новоформираната група во средната рунда. Победа за нашите момчиња значеше пласман во полуфиналето во разигрување за пласман од 9-16 место.

И на оваа средба по едно полувреме на голот добија Брестовац и Галевски, двајцата запишаа по седум одбрани, со тоа што чуварот на мрежата на Алкалоид успеа да се запише и во листата на стрелци. На крајот Галевски беше прогласен за МВП на натпреварот, второ признание за него на овој шампионат.

ПретходноЗаверено полуфиналето во средната рунда: Младинците ја преслушаа и Романија!
СледноСпектакл на “Сантијаго Бернабеу“! Перез:Килијан, добредојде дома! Мбапе: Хала Мадрид! (ФОТО + ВИДЕО)