Во четврток (18.07.2024) на Националната Арена “Тодор Проески“ Шкендија ќе го пречека Ноа од Ерменија, во реванш натпревар од 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции. Натпреварот се игра од 20 часот, а познато е дека на првиот дуел во Ерменија, составот на Ноа победи со 2:0.
Инаку од денеска раководството ги пушти во продажба билетите за овој меч, кои се по цена од 200 денари.
Од Шкендија истакнуваат дека билетите може да се набават во канцелариите на клубот во Тетово, како и онлајн преку МКтикетс, а исто така ќе ги има и на билетарите пред Арената пред самиот почеток на натпреварот.