Пелистер со Александар Петровиќ ќе се обиде да го донесе првиот пехар во Битола после долго време. Некогашниот стратег на МЗТ Скопје кој дојде на местото на Дарко Радуловиќ веќе почна да го гради составот за новата сезона. Пелистер покрај домашните обврски ќе биде дел и од АБА2-лигата.
Засега е извесно дека останува Александар Костоски и Лука Стојановски, дојде Бобан Стајиќ и Виктор Ташовски, а Петровиќ со зема и Андрија Бојиќ.
Она што е неизвесно е македонскиот репрезентативен тандем во дресот на битолчани. Станува збор за Андреј Маслинко и Андреј Магдевски. Двајцата се под знак прашалник, спред нашите информации мали се шансите да ги видиме и следната сезона во Пелистер. Сепак оставаме простор за изненадувања.
Пелистер во АБА2-лига ќе игра против Подгорица, Широки ТТ Кабели и Вршац.