Дојде и тој ден: Мбапе со “деветката“ на Реал Мадрид!

136

 

По цели седум години, одкои последните две и тоа како интензивно, Флорентино Перез може да каже дека си ја остварил големата жела. Таа дека успеа да го донесе Килијан Мбапе во Реал Мадрид, во најгламурозниот клуб во светот.

Откако потпишаа двајцата договор на пет години и тоа до 2029, следуваше фото на Мбапе и Дон Флорентино со дресот бр.9 на кој стоеше името на Мбапе.

Ете, конечно дојде и тој ден.

За неколку минути ќе почне и официјалната промоција за јавноста на “Сантијаго Бернабеу“. Фудбалскиот свет е на нозе.

Ова ќе биде најспектакуларната промоција во историјата на фудбалот.

ПретходноЕХФ Куп: Литвански предизвик за Алкалоид, ГРК Охрид доби романски тим, додека ГРК Тиквеш грчки
СледноШведски предизвик за ЖРК Ѓорче Петров во ЕХФ Европската лига