ЕХФ Куп: Литвански предизвик за Алкалоид, ГРК Охрид доби романски тим, додека ГРК Тиквеш грчки

162

Машките претставници во ЕХФ Купот ги добија противниците во првото квалификациско коло. Добро е познато дека ГРК Тиквеш стартува од првото коло, додека Алкалоид и ГРК Охрид од второто.

Алкалоид ќе биде домаќин на првата средба, за противник ја доби екипата на Драгунас Клаипеда од Литванија. Првиот натпревар се игра на 19/20 октомври, додека реваншот е во Литванија на 26/27 октомври.

ГРК Охрид пак ќе игра против Потаиса Турда од Романија. И овој тим исто како Алкалоид првиот меч ќе го игра на 19/20 октомври на домашен терен, реваншот е за седум дена на гостински терен.

За ривал во првата рунда во Европскиот Куп, Тиквеш го доби составот на Драма од Грција. Првиот натпревар ќе се игра во Грција на 14/15 септември, додека реваншот е е за седум дена.

Победниците од 10 парови ќе се пласираат во второто коло од третото по ранг европско клупско натпреварување.

ПретходноМбапе и официјално стави потпис – следи промоција пред фановите
СледноДојде и тој ден: Мбапе со “деветката“ на Реал Мадрид!