Заверено полуфиналето во средната рунда: Младинците ја преслушаа и Романија!

644
Photo Credit: Jurij Vodušek / Rokometna zveza Slovenije

Младинската македонска репрезентација продолжи во победнички ритам во средната рунда на Европското првенство во која се разигрува за пласман од 9-16 место. По победата над Полска, нашите момци денеска ја совладаа селекцијата на Романија со 26-31 благодарение на одличната игра во второто полувреме. „Црвено-жолтите“ со една серија од 6-0 го решија противникот.

Избраниците на Раде Стојановиќ веќе се пласираа во полуфиналето во средната рунда, утре против Франција ќе играат за првото место.

Узунчев беше стрелец на шест гола, еден помалку имаше Карасманакис. Брестовац и Галевски запишаа по седум одбрани.

Неизвесно прво полувреме. Македонија тргна со 0-2 и 3-1, а потоа водството го превзема Романија која во 11-та минута имаше плус три (8-5).  Нешто подоцна по одбрана брестовац и многу подобра одбрана нашите момци израмнија на 9-9 на средината на овој период, а потоа и на кратко поведоа со 11-13. Романците брзо се вратија, на одморот беше 15-15. Брестовац имаше седум одбрани, една од седум метри.

Photo Credit: Jurij Vodušek / Rokometna zveza Slovenije

Два гола на стартот за 15-17 на Митев и Узунчев. Романија брзо израмни на 17-17 и беше јасно дека ова ќе биде тежок меч за нашите момци. Токму од овој момент следеше серија од 6-0 за нашите ракометари и водство од пет гола (17-23) на стартот на 42-та минута. Галевски кој влезе во второто полувреме запиша шест одбрани до овој момент.

По голот на Романија за 18-24 следеше период на грешки на двете страни, но тоа пак не ги дестабилизира нашите момчиња, фатија ритам и умешно ја одржуваа предноста. Во 50-та минута, Иван Галевски успеа да се запише во листата на стрелци и да зголеми на 19-27, а нешто подоцна со нов гол на празна мрежа Даневски зголеми на 20-29, причина за нов тајм-аут на Романија.

Тука беше јасно дека овој меч нема да има промени. Македонија има ден одмор, следниот меч го игра на 18-ти, исто во 12 часот.

ПретходноМеси се огласи по победата на Копа Америка
СледноГалевски по вторпат прогласен за МВП!