Македонија на гости кај Словенија ги завршува квалификациите, потребна е победа за бараж!

144

Нашата најдобра женска репрезентација вечерва во Кидричево во 19 часот и гостува на Словенија во рамките на 6.коло од квалификациската група. Тоа ќе биде последен меч за избраничките на селекторот Александар Андов во рамките на овие квалификации.

И ако се знае дека ние во најважниот меч пред неколку дена загубивме дома од Летонија со 1:2, сега мораме да бркаме победа по секоја цена ако сакаме на крајот да завршиме како втори во групата и со тоа да играме бараж за ЕП. Само победа ни одговара и ништо друго.

А како до победа ако се знае дека Словенија во Скопје победи со 0:5 и досега има пет победи на исто толку мечеви во групата.

Сепак надежта последна умира што се вели.

ПретходноСинот на Леброн имаше уште една ноќ за заборав во Летната лига
СледноОфицијално: Давид Бабунски во дресот на Данди Јунајтед! (ВИДЕО)