Меси на нови прегледи, нема да игра на МЛС Ол-Стар натпреварот?

249

Ѕвездата на светскиот фудбал, Аргентинецот Лео Меси, може да ги пропушти претстојните натпревари од американската лига МЛС за неговиот тим Интер Мајами поради повредата која ја заработи во финалето на Копа Америка.

Како што пренесуваат неколку американски изданија, 37-годишниот Меси во блиска иднина ќе оди на дополнителен лекарски преглед кој ќе покаже колку време ќе му треба за опоравување.

Според сегашната состојба на неговата нога, Меси веројатно ќе ги пропушти претстојните натпревари против Торонто (18 јули) и Чикаго Фајр (21 јули), како и Ол-стар натпреварот во МЛС, кој е закажан за 24 јули.

ПретходноМората се збогуваше со Атлетико (М), утре лета за Милано
СледноТрапановски со гол и две асистенции во дресот на Данди Ј., деби на Бабунски (ВИДЕО)