Аргентинскиот напаѓач Лионел Меси се огласи на социјалните мрежи по победата на „гаучосите“ на Копа Америка, во која откри и детали од повредата што ја доби на решавачкиот меч против Колумбија, освоен со 1:0.
„Копа Америка заврши и пред се сакам да им се заблагодарам на сите за пораките и честитките. Фала му на Бога дека ми оди добро и се надевам дека наскоро ќе се вратам на теренот и ќе уживам во она што најмногу сакам да го правам. Многу сум среќен особено затоа што ја постигнавме нашата цел. Со особена возбуда го доживуваат најискусните, но и младите кои даваат се од себе на секој натпревар. Ние сме тим и семејство. Благодарност до сите што не поддржаа, овој тим има многу сегашност и многу иднина. Напред Аргентина!“, напиша Меси на социјалните мрежи.