Младинците против Романија за пласман во полуфиналето во средната рунда (ЛИНК)

203
0

Македонската младинска репрезентација денеска (12 часот) продолжува со мечевите на Европското првенство кое се одржува во Словенија. Нашите ракометари разигруваат за пласман од 9-16 место. На првиот меч во средната рунда ја совладаа Полска, а веќе денеска ќе ги одмерат силите против Романија.

Победа на оваа средба за „црвено-жолтите“ кои немаат пораз на четири меча (две победи и два порази, во групна и средна рунда) ќе значи битката за првото место во групата против Франција, и сигурен пласман во полуфиналето кое носи чекор поблиску кон деветото место.

Натпреварот можете да го гледате на ЕХФТВ на следниот ЛИНК. 

ПретходноПред финалето Англичаните влегле во конфликт: Цел тим му свртел грб на херојот на нацијата
СледноМадрид за кратко време повторно е на нозе – пристигна Килијан Мбапе (ВИДЕО)