Можно ли е чудо по трите дебакли? Кошаркарите го добија противникот за пласман во 1/4 финалето на ЕП

176

Машката репрезентација на Македонија за играчи „Под 20“ години ќе игра против Словенија во првата елиминациска фаза од Европското првенство од Дивизијата „А“ кое се одржува во Гдиња.

Системот за натпреварување ги спои двете селекции во натпревар кој е закажан за 17.јули (среда) со почеток од 13.часот, со што  ќе биде отворена втората фаза оод првенството во Полска.

Пред избраниците на селекторот Боро Смилковски е исклучително тешка задача, особено ако се земе в предвид дека противникот во осминафиналето е една од само двете репрезентации присутни на првенството кои се со максимален ефект по првиот круг од натпреварите, заедно со селекцијата на Шпанија, која ги доби сите три натпревари во нашата „Ц“ група.

„Костурот“ кој го креираше ФИБА вели дека подобриот од овој елиминациски меч за противник во четвртфиналето (18.јули, од 18.часот) ќе го има победникот од дуелот во кој се среќаваат репрезентациите на Италија и Полска.

Поразениот од средбата Македонија-Словенија, ќе игра за пласман од 9. до 16.место на шампионатот со репрезентацијата која ќе го загуби на мечот Италија-Полска.

ЕП – „ПОД 20“- MAЖИ-ДИВИЗИЈА „А“- ГДИЊА 2024

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ – ОСМИНАФИНАЛЕ

17.ЈУЛИ (СРЕДА)

13.00: Словенија – МАКЕДОНИЈА

ПретходноУЕФА го избра тимот на ЕУРО: Шестмина од Шпанија, тука се и Мусиала, Вокер, Аканџи…!(ФОТО)
СледноСинот на Леброн имаше уште една ноќ за заборав во Летната лига