Надал: Алкараз е фаворит насекаде, вака не беше во мојата генерација

205

Карлос Алкараза годинава ги освои и Роланд Гарос и Вимблдон, па така стана најмладиот тенисер кој ги освои двата турнира во иста година. Младиот Шпанец има 21 година, а неговиот постар колега и тениска легенда Рафаел Надал истакна дека Алкараз е фаворит на секој турнир на кој настапува.

„Најдоброто нешто што му оди во прилог е тоа што, без разлика на кој турнир или подлога, тој ќе биде фаворит. Тоа е нешто што не сте го виделе во мојата генерација. Јас бев фаворит на земјена подлога, но на трева тоа беше Роџер. На бетон или меѓу Роџер и Новак, а потоа мене малку подоцна“, изјави Надал за „Л’Екип“ и додаде:

„Но, никој од нас не беше фаворит пред секој турнир. Мислам дека Карлос тоа е денес и тоа е голема предност бидејќи тој сигурно чувствува дека ако игра на ова ниво, тешко е да го победиш“.

ПретходноТухел заинтересиран за селекторското место во Англија
СледноОчекуван пораз во Словенија: Фудбалерките завршија како трети во квалификациите (ФОТО)