На косовскиот шампион му се случи Андора: Балкани елиминиран од Санта Колома

404
FC Ballkani facebook

Косовскиот првак Балкани доживеа елиминација во првата рунда од квалификациите во Лигата на шампионите и тоа од екипата на Санта Колома од Андора. Во драматичен меч, гостите во регуларниот дел славеа со 0:1 и се изборија за продолженија, во кои двете екипи постигнаа по еден гол (1:2) и мечот се решаваше на пенали.

Таму подобри пеналџии беа гостите и обезбедија пласман во 2. коло.

Балкани од 38. минута беше со играч помалку, откако беше исклучен некогашниот голгетер на Шкупи, Адетунџи.

ПретходноОдбојкарите тргнаа со тренинзи: Љафтов во тимот, Костиќ е повреден
СледноТухел заинтересиран за селекторското место во Англија