Македонската машка одбојкарска репрезентација вчера се собра во Маврово на стартот на подготовките пред следниот квалификациски циклус за ЕП 2026. Од денеска селекторот Хари Наковски почна со конкретна програма на подготовки во која се вклучени 14 одбојкари.
По првата рунда подготовки на Маврово, селекцијата ја очекуваат четири контролни средби со Црна Гора и Швајцарија, па учество на турнирот „Чајка“ со уште два противника.
Во составот кој почна со подготовките за квалификациите се 14 одбојкари. За разлика од Европската златна лига, тука е и Александар Љафтов, но поради повреда ќе го нема Лука Костиќ.
СПИСОК НА ОДБОЈКАРИ:
Техничари: Ѓорѓи Ѓорѓиев (Бурса-Турција), Давид Стојанов (Фужинар-Словенија), Ефтим Ричлиев (Струмица 47&72)
Коректори: Никола Ѓорѓиев (АЦХ Љубљана – Словенија), Стојче Арсов (Работнички 71&22)
Примачи: Владо Милев (Струмица 47&72), Александар Љафтов (Ал Васл – ОАЕ), Стојан Илиев (Анагенисис – Кипар), Тоше Ефремов (Весна Пробиштип)
Средни блокери: Филип Маџунков (Хасроде – Белгија), Филип Савовски (Војводина – Србија), Филип Лепидовски (Таково – Србија)
Либера: Дарко Ангеловски (Работнички 71&22), Костадин Ричлиев (Штип УГД)