Сега веќе е официјално. Давид Бабунски е нов член на Данди Јунајтед. Тој денеска беше промовиран од страна на клубот од Шкотска и во наредните две години ќе го носи дресот на Данди Јунајтед. Со ова завршува трансферот на нашиот репрезентативец од Унгарија во Шкотска, и тоа во тимот каде што пред неколку недели потпиша и Кристијан Трапановски.
Гудвин одамна го „мерка“ офанзивецот
Менаџерот на Данди, Џон Гудвин извесен период е во офанзива за доведување на Бабунски, имаше официјална понуда за него и изминатиот преоден рок но трансферот се случи летово. Гудвин одамна го имаше на „радар“ нашиот интернационалец. Гудвин е инаку менаџерот кој што го доведе и Бојан Миовски како прв напаѓач додека беше дел од тимот на Абердин, што ќе рече дека Македонските офанзивци кај него и тоа како се на цена.
Давид ќе ја има „десетката“
Колкави се очекувањата од Бабунски во Шкотска, доволно говори и фактот што ќе го носи дресот со број 10 во Данди, а се знае дека оваа бројка во секој клуб ја носи најдобриот играч.
⚖️ Technique and tenacity in equal measure
A look at @DavidBabunski in action 🔎 pic.twitter.com/pOmlpOxqeY
— Dundee United FC (@dundeeunitedfc) July 16, 2024