По 19 години, Надал повторно со победа на турнирот во Баштад

66

22-кратниот Грен слем шампион и поранешен светски рекет број еден, Шпанецот Рафаел Надал, ја извојува првата победа по 19 години на турнирот од серијата АТП-250 во Баштад (Шведска).

38-годишниот Надал го победи 21-годишниот син на легендарниот Бјорн Борг, Лео, (461. светски рекет, СП) во првото коло на турнирот во Баштад со резултат 6:3, 6:4.

Последен пат Надал победи во Баштад во 2005 година, тогаш како 19-годишник.

За пласман во четвртфиналето на турнирот во Баштад, Надал ќе се бори со 42-от светски рекет, Камерон Нори од Британија.

ПретходноКадетите поразени и на втората контрола од Црна Гора!
СледноОдбојкарите тргнаа со тренинзи: Љафтов во тимот, Костиќ е повреден